Батаци со сенф и зачини
  • 45ч : мин
  • 1 порции
  • лесно

Пилешките батаци ги миете и ги оставате да се исцедат од вода. Ги ставате во длабок сад па ги зачинувате со сув зеленчуг и мелен бибер.
Убаво ги промешувате со раце и додавате масло за јадење, отприлике ( јас ставив три лажици маслиново масло ).

Вака подготвени батаци намачкајте ги со сенф и оставете да одстојат пола сат.

Во плех од шпорет наредете ги батаците ,на еден дел од плехот наредете свежа зелка сечена на поголеми парчиња.Зелата зачинете ја со сув зеленчук, мелен бибер и одозгора попрскајте со масло за јадење исто така и батаците. Вака спремна тавата ставете ја во загреана рерна и печете на температура од 250 степени.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Пилешки батаци со карабатак 1 кг
  • Зелка за гарнир 1 кг
  • масло за јадење по потреба мл
  • сенф 4 лажици
  • сушен зеленчук 1 лажици
  • бибер по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK