Бела Торта
  • ч : 30мин
  • 4 порции
  • лесно

Кога ќе ви останат белки од правење на жолт крем, може да направите ваков колач со суво грозје. Многу омилен колач од моето детство. Не го правам често но секогаш ме расположува поготово кога го консумирам. Лесен за правење со интересен и необичен вкус.

Подготвување на колачот

Ги одвојувате белките од жолчките, ги матите белките со шеќер додека не добиете густа смеса. Додавате масло за јадење и сувото грозје кое предходно сте го ставиле да постојат во вода. Убаво се измешува и се додава кора од рендан лимун и сок од еден лимун. На крајот додавате брашно во кое предходно сте додале прашок за печиво, и се заедно убаво измешувате да нема грутчиња.

Финалниот дел

Плехот во кој ќе ја печете тортата ставате мрсна хартија или едноставно го премачкувате со маргарин. Ја истурате смесата во плех и ја ставате да се пече на 220 степени додека не порумени. Испечената торта ја оставате да се олади, потоа и ставате шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.

Пријатен апетит! Посетете ме пак и читајте ги моите нови рецепти.


Состојки

  • Белки 1 шоља мл
  • Брашно 1 шоља мл
  • Суво грозје 100 гр
  • Масло за јадење 1/2 шоља мл
  • Лимун 1 парче мл
  • Прашок за печиво 1 кесичка мл
  • Шеќер 1/2 шоља мл
  • Ванилин шеќер 1 кесичка мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK