Блитва со праз,спаноќ и мелено месо
  • 1ч : 30мин
  • 1 порции
  • лесно

Блитвата ја обарувате во зовривена вода исто така спаноќот и празот. Посебно или заедно, процедете и пропрзете на маслиново масло па исецкајте.

Исчистете го кромидот исецкајте го па ставите да се пропржи во маслиново масло па додајте го меленото месо. На крај додајте го измиениот ориз, зачинете со сув зачин, мелен бибер и црвен пипер, па ставете ја смесата во округла тава.

Исецканиот зеленчук ставете го врз смесата па промешајте.Додајте маслиново масло и додајте една шоља вода. Плехот ставете го во рерна и печите додека не изврие водата, печете на 250 степени. Можете да конзумирате со павлака.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Блитва 4 китки мл
  • Спаноќ 1 кг
  • Праз 4 мл
  • Мелено месо 1 кг
  • Ориз 300 гр
  • Кромид 2 мл
  • Сув зачин по потреба мл
  • Маслиново масло по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK