Бомба Сарма Со Пилешко Месо
  • 1ч : 50мин
  • 6 порции
  • средно

Здраво, добродојдовте на уште една заедничка дружба при подготовка на уште еден вкусен деликатес. Овојпат ќе направиме уште една варијација на познатото балканско јадење Сарма. Во малку поразлично светло, ќе бидеме креативни и ќе направиме интересна комбинација и за очи и за вкус.

Подготовка на зелката

Најпрво започнуваме со чистење на зелката. Ја миеме под силен млаз вода. Го сечеме средниот, тврд дел. Користиме свежа зелка како замена за онаа која вообичаено ја користиме за приготвување на сарма. На овој начин може да приготвиме сарма во било кој период од годината.

Следно, ставаме вода, сол, и една кесичка лимонтус во еден подлабок сад, и истиот го ставаме на оган. Бидејќи зелката е свежа лимонтусот ќе даде кислина и подобар вкус во комбинација со филот. Целата главица зелка ја ставаме во водата се додека не зоврие.

bsp1
По 10тина минуто од зовревањето на водата почнуваме да вадиме лист по лист. При вадењето на листовите тие треба да се обарени, во спротивно вадете ги постепено еден по еден со доволно време измеѓу. Вака продолжуваме се додека не остане мала средината на зелката, која ја тргама на страна во посебен сад.
bsp3

Подготовка на филот

Батаците ги ставаме да се варат. Откако ќе се сварат ги отстрануваме коските и кожата. Заедно со сланината ги сецкаме на ситни коцкички, додаваме сол и мелен црн бибер и убаво промешуваме.

Го ставаме оризот да се вари на ниска температура. Откако ќе се свари убаво го цедиме, и ја додаваме смесата од месо. Во млака вода го раствораме фантот за пилешко месо, и го додаваме во смесата. Убаво промешуваме за да добиеме хомогена смеса.

bsp2

Редење на зелката и филот

Започнуваме со редење на листовите и флот. Најпрво ги редиме помалите листови, притоа ја сечеме средината бидејќи е тврда и потешко се вари. Помеѓу секој слој од листови нанесуваме фил. Вака продолжуваме се додека не ги искористиме сите листови.

Откако ќе завршиме со редењето ја земаме сланината, која треба да биде исечена на тенки ленти, и на секоја страна од наредената сарма додаваме по една лента. Притоа со чепкалки за заби ја прицврстуваме секоја лента. По целата површина посипуваме малку масло за јадење и сармата ја замотуваме со алуминиумска фолија.

Вака приготвената сарма ја печеме во загреана печка на 220 степени. Откако сармата ќе се испече се тргаат фолијата и чепкалките за заби, и се поставува во поширока, плитка чинија.

bsp4

bsp6

Предлог

Препорачливо е да ја оставите сармата да се олади барем 15тина минути пред конзумација. Може да ја послужите со павлака и мелени ореви, или пак парче леб.
bsp7

Пријатно јадење, и до следно видување!


Состојки

  • Зелка 1.5 кг
  • Пилешки Батаци 1 кг
  • Сланина 300 гр
  • Ориз 300 гр
  • Зачини 1 лажички
  • Фант за Пилешко Месо 70 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK