Боранија со компир во рерна
  • 2ч : 00мин
  • 1 порции
  • лесно

Компирот го ставате да се свари. Јас ставив замрзнута боранија две кесички.Исчистете го лукот и ситно исецкајте.

Одкако ќе го сварите компирот излупете го и исечете на тркалца. Земете плех во кој ќе го спремате јадењето, ставете ја боранијата и компирот. Сипајте маслиново масло зачинете со сув зачин и мелен бибер, додајтего лукот и томатно пире. Сипајте млака вода да ја покрије буранијата.

Плехот ставете го во рерна која предходно сте ја вклуциле на 250 степени и печете додека не изврие водата.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Боранија 1 кг
  • Компир варен 500 гр
  • Доматно пире 3 лажици
  • Сув зачин по потреба мл
  • Маслиново масло по потреба мл
  • Мелен бибер по потреба мл
  • Бел лук 3 чешњиња мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK