Боранија со пилешко
  • 1ч : 30мин
  • 1 порции
  • лесно

Во длабоко тенѓере сипајте од маслиновото масло и ставете ги карабатаците да се пропржат, на кои предходно сте им ја тргнале козата. Морковите исчистете ги и исецкајте ги на крукциња и ставете ги во тенѓере каде се батаците.

Потоа ставете ја боранијата и сипајте вода два прста над боранијата.Компирот излупете го и изрендајте,па ставете го и него во тенѓерето каде ни се вари боранијата со месо.

Ако има потреба додајте малку вода па зачинете ја боранијата.Одкако се убаво ке се свари не правиме запршка бидееки имаме ставено рендан компир кој што ја згуснал манѓата. Со боранија може да направите било каква салата.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Пилешки карабатаци осум парчиња мл
  • Боранија 1 кг
  • Морков 250 гр
  • рендан компир 500 гр
  • Магдонос по потреба мл
  • Сув зачин по потреба мл
  • Бибер мелен по потреба мл
  • Маслиново масло по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK