Брокељ во рерна
  • 1ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Брокељ е зеленчук кој е полн со витамини и минерали и треба што почесто да го приготвувате. Сигорно дека многу од вас не го сакате овој зеленчук , како ни карфиолот, но на многу поинакви начини можете да ги подготвите. Заради тоа ќе ви спремам брокељ со млад кромид, ориз и соини трошки.

Подготвување на брокељот

Брокељ (или мали зелчиња), ги тргате првите ливчиња, па потоа ги миете. Младото кромитче го миете и го сецкате. Во бок тава го ставате кромидот и го динстате со малку масло за јадење и вода. Додека се динста кромидот,соините трошки ги посипувате со млака вода и оставате да постојат неколку минути. Зелчињата ги ставате во бок тава и ги динстате околу дваестина минути. Соините трошки ги цедите и ги ставате и нив во тава и на крај оризот.

Финалниот дел

Одкако сето тоа убаво го издинставте, го зачинувате со зачин, мелен бибер и малку сол. Сето тоа се префрла во плех и сипате вода
до пола. Додавате малку масло за јадење и ставате во рерна. Во рерна се готви додека не изврие водата. ММММ Вкусно е, се надевам и на вас.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брокељ (мали зелчиња) 500 гр
  • Младо кромидче 5 парчиња мл
  • Ориз 300 гр
  • Соини трошки 200 гр
  • Сол малку мл
  • Мелен црн бибер малку мл
  • Зачин (сув зеленчук) малку мл
  • Масло за јадење по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK