Голем Бургер со мајoнез
  • 1ч : 00мин
  • 6 порции
  • лесно

Во длабок сад ставете го меленото месо и додајте предходно исецкан кромид и бел лук. Потоа додајте ги јајцата, лебни трошки (презле). Додајте ги зачините, мелен бибер, сув зачин,сецкан магдонос и мајонез.

Смесата убаво ја замесите, да биде компактна.

Бургерите правете ги поголеми да бидат сочни кога ке ги испечете на скара. Укључете ја скарата нека се загрее. Наредете ги бургерите и испечете ги од двете страни. Можете да ги послужите со некоја салата,помфрид, рестован компир и др.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Кромид 2 главици средни
  • Мелено месо 1,5 кг
  • Магдонос 1 китка мали
  • Јајца 2 средни
  • Лебни трошки 3 лажици
  • Сув зачин по потреба мл
  • Мелен бибер по потреба мл
  • Бел лук 3 чешњиња мл
  • Мајонез 3 лажици
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK