Гурмански ролнички
  • 1ч : 45мин
  • 6 порции
  • лесно

Подготвување

Прво го спремате тестото за ролнички. Тестото го спремате како за кифлички. Ставете го квасецот да се акривира (млака вода и малу шеќер ). Одкако ке се активира се става во сад со брашно и се замесува тесто. Се остава да стаса. За тоа време го спремате месото. Во тавче ставате масло за готвење и сецкан кромид да се пропржи.Потоа се става месото и се пропржува, се додава сол и томатело.

Шунката и кашкавалот предходно ги сечете на парчиња. Тестото го делите на осум парчиња односно топчиња. Секое топче го расукувате по должина како на слика. Прво премаркувајте со мелено месо, потоа ја редите шумката па кашкавалот.Тестото го мотате во ролат и исечете го ролатот на пола.

Готовите ролати ги редите во плех. Смесата за посипување ја спремете на следен начин. Јајцата изматете ги со миксер додадете малку сол и еден литар јогурт и убаво промешајте.Посипајте преку ролатчињата и ставете да се пече во загреана рерна на 220степени додека не добие убава боичка.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брашно 500 гр
  • Квасец 1/2 квасец мл
  • Шеќер 1 лажички
  • Мелено месо 1 кг
  • Кромид 500 гр
  • Томатело 500 мл
  • Кашкавал 300 гр
  • Шунка 300 гр
  • Јајца 7 средни
  • Јогурт 1 л
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK