Десерт за 5 минути
  • ч : 5мин
  • 4 порции
  • лесно

Ананасот го сецкате на помали парчиња. Во сад ставате замрзнато овошје и сецканиот ананас.
Хоплата ја истурате во длабок сад и ја матите со миксер. Одкако убаво ќе ја измиксирате  го ставате овошјето во хоплата и убаво со лажица промешувате.
Во друг сад ставате прозирна фолија и во нејзе ја истурате хоплата со овошјето. Ја покривате одозгора исто така со прозирна фолија и ставате во фрижидер за длабоко 24 часа. Потоа ја превртувате на чинија и рендате чоколадо или ја украсувате по ваша желба.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Замрзнато овошје 500 гр
  • Ананас 300 гр
  • Желатин 2 кесички мл
  • Хопла 500 мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK