Домашна пилешка паштета
  • 1ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Пикантна паштета од пилешки џигерчиња, кремаст и превкусен предлог за појадок, вечера или мала закуска. Не содржи адитиви ниту конзерванси и затоа мора да се чува во фрижидер. Поради специфичноста на вкусот кој го има пилешкиот џигер препорачливо е додавање на разни зачини по желба.
lk1

Приготвување на џигерот

Во тава ставаме 3 лажици маслиново масло, сецкан кромид и лук и пола чаша вода па целата смеса се динста. Откако кромидот ќе омекне се додава џигерот и се динста додека не испари течноста.
lk1

Приготвување на другите состојки

Морковите ги чистиме и вариме а во исто време се вари и јајцето. Краставичките ги сецкаме на парчиња и заедно со морковот и јајцето ги ставаме во блендер. Изблендираните состојки ги ставаме на страна во чинија.
lk1

Финален дел

Оладениот џигер го блендираме и додаваме во смесата малку вода, а исто така ги додаваме и зачините, сенфот, путерот од кикирики и две лажици маслиново масло. Убаво ги блендираме сите состојки се до добивање на мазна смеса. Готовата паштета ја ставаме во тегла и врз неа го поливаме растопениот путер. Путерот се става за подобрување на вкусот на џигерот и му дава подобар шмек.
lk1

Препорака

Паштетата конзумирајте ја со домашно лепче направено од интегрално брашно или од јаткасти плодови. Како прилог за декорација може да ставите лист марула, домат или краставица.
Се надевам дека ви се допадна денешниот рецеп, уживајте!


Пријатен апетит!


Состојки

  • Пилешки џигер 1 кг
  • Кромид 500 гр
  • Бело лукче 20 гр
  • Кисели краставички 100 гр
  • Морков 200 гр
  • Јајце 1 големи
  • Сенф 2 лажици
  • Маслиново масло 5 лажички
  • Путер од кикирики 2 лажици
  • Путер 150 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK