Здрава храна
  • 1ч : 00мин
  • 1 порции
  • лесно

Подготовка

Пилешките батачиња излупете ги од кожа,зачинете ги со малку сол и сув зачин. Во една длабока тава сипате вода и ја ставате тавата на плотна.

Земете сад од бамбус во кој ќе го спремате јадњето на пареа. Ако немате ваков сад земете било кој сад што го користите на пареа. Садот е составен од два дела и капак, во првиот дел ставете ги батачињата а во горниот дел ставете ги компирите сечени на тркалца и зачинети со сув зачин.

Ова е најздравиот начин на спремање јадења. Бргу се готви и друг вкус го има.Кога се варени компирите се трга горниот дел и се става на страна а батачињата ги оставате уште малку да се барат. Потоа ги тргате батачињата и ги сервирате во тањир со компирот и јас додадов грашок од конзерва.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Пилешки батаци 1 кг
  • Млад компир 1 кг
  • Грасок конзерва 700 гр
  • Сол 1 лажички
  • сув зачин 1 лажички
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK