Интегрални Овесни Колачиња
  • 1ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Во колку сакате колачиња од овесни снегулки и јадкасти плодови на право место сте. Овој рецепт е за душа не многу благ и за уживање. Лесно се прави не бара многу време. Па да видиме каков е тој колач.

Приготвување на смесата

Бадемите и оревите ги сецкате. Во длабок сад ги ставате овесните снегулки, интегрално брашно, и сок од портокал или јаболко. Убаво измешувате па додавате две лажици масло за јадење, малку сол и суво грозје. Можете да ставите шеќер по желба,јас неставив бидееќи, одкако ги испеков ги валкав во шеќер во прав.

Печење на колачињата

Во голем плех ставате мрсна хартија, малку ја премачкувате со масло за готвење. Убаво измешаната смеса ја зимате со лажица и ставате на мрсна хартија. Кога ќе ја потрошите смесата, колачињата ги печете на 180 степени околу 20 минути. Печените колачиња ги валкате во шеќер во прав. Конзумирајте ги со кафе.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брашно интегрално 1 шоља мл
  • Овесни пахуљици 1 шоља мл
  • Сецкани бадеми и ореви 1 шоља мл
  • Сок од јаболки или портокал 1 шоља мл
  • Масло за готвење 2 лажици
  • Сол 1/2 лажички
  • Суво грозје 1 шоља мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK