Кадаиф со хопла
  • 1ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Сите знаеме дека кадаифот се прави само со суво грозје, сецкани оравчиња и шербет но нашите вредни домачинки кадаифот го прават и на друг начин со разни кремови и шлагови.Па така и јас ќе ви направам овој многу вкусен и сочен колач.

Кадаиф може да го купите печен или да го печете дома.Во овој случај јас купиф печен кадаиф.Кадаифот го ставате во плех и врз него го ставате сувото грозје.Во тенџере го сипате млекото да зоврие и потоа го тргате на страна.Во меџувреме ги кршите јајцата и го ставате густинот го мешате со малку млеко па потоа го сипате во млекото кое беше зовриено и пак го ставате на плотна. Тука ги ставаме и петте лажици шеќер.Мешате додека не се згусне кремот. Кремот го оставате да се убаво олади.

Додека се лади кремот ставете ја водата и шеќерот да зоврие 10 минути и посипајте го преку кадаифот.Оладениот крем го сипате врз кадаифот. На крај ја матите хоплата и ја ставате врз кремот.Кадаифот го ставате во фрижидер и утреден конзумирајте.Поубав ќе биде бидееќи ке се впие убаво шербетот и кремот во кадаифот.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Kадаиф 500 гр
  • Суво грозје 200 гр
  • Вода за шербет 1 л
  • Шеќер за шербет 500 мл
  • Млеко за крем 1 л
  • Јајца за крем 5 средни
  • Шеќер за крем 5 лажици
  • Густин за крем 5 лажици
  • Хопла 500 мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK