Кифлички со сусам
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Маргаринот го матите со миксер, додавате шеќер и продолжувате со матење. Одкако убаво ќе го изматите маргаринот со шеќерот додајте го млекото. Потоа додајте ги и другите состојки јајца, жолчки, рендана кора од еден лимун и прашок за печење.

Смесата убаво ја измиксирајте и постепено додавајте го брашното. Убаво замесете го тестото во една хомогена смеса. Од тестото правете мали топчиња и од секое топче направете полукруг.

Земете плех од рерна и подмачкајте го со малку масло за јадење. Секој полукруг развалкајте го во сусам и редете во плех. Кифличките со сусам печете ги на 220 степени додека не добијат убава боичка.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Маргарин 1 мл
  • Шеќер 300 гр
  • Млеко 1 шоља мл
  • јајца 2 големи
  • Жолчки 2 мл
  • Лимун рендан мл
  • Прашок за пециво 1 мл
  • Брашно 800 гр
  • Сусам 200 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK