Колач со Кајсии
  • ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Овој колач е за оние кои не се големи обожаватели на благи работи, но понекогаш сакаат да каснат некој освежителен колач.Тогаш е овој рецепт токму за вас.Така денес ќе го приготвиме колачот со кајсии. Многу бргу и едноставно се прави, со благо киселкасти вкус. Овој неверојатен вкус ни доаџа од кајсиите, кои освежуваат. Потребно ви е малку време да ја направите оваа извонредна посластица. Еве како се прави овошен колач со кајсии.

Подготовката на состојките

Кајсиите ги миетер и ја вадите семката од внатре. Пола пакување маргарин се мати и се додава една шоља шеќер. Убаво се мати да не се осети шеќерот под маталката. Потоа се додава пола шоља млеко, четири жолчки малку изматени и рендана кора од еден лимун. Во друг сад го ставате брашното и ставате прашок за печиво, измешувате. Брашното се додава кај маргаринот и останатите состојки и убаво се меша да се соединат сите состојки. Смесата ја ставаме во подмачкан и побрашнат плех за печење. Врз тестото редиме половки од кајсии свртени со средината нагоре.

Печење на тестото

Плехот го ставаме во рерна и го печеме додека малку не порумени. Додека се пече тестото ја спремаме белката.Во длабок сад ги матиме белките со осум лажици шеќер.Белките се матат во убав цврст снег. Го вадите плехот од рерна и го ставате белиот снег врз колачот и пак во рерна да се допече. Преубав и освежителен.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Маргарин 130 гр
  • Шеќер 150 гр
  • Млеко 200 мл
  • јајца 4 големи
  • Брашно 300 гр
  • Кајсии 1 кг
  • Прашок за печиво 1 мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK