Колач со сурутка во прав и јајца
  • ч : 50мин
  • 4 порции
  • лесно

После малку пауза еве ме пак со нови интересни рецепти. Овој рецепт многу ќе ве одушеви и сигурно ќе го направите бидееќи е необичен. Се работи за едноставен рецепт без брашно, без шеќер, едноставен и диетален. Добар е за дијабетичари и за оние кои се на диета. Знам дека сте нестрпливи па ајде да ви го представам.

Приготвување на смесата

Јајцата ги кршите и ги одвојувате белките од жолчките. Белките ги матите во убав цврст снег. Потоа додавате сурутка во прав од ванила ( може и обична, може чоколадна) по ваша желба. Додавате изматени жолчки и истолчени таблетки на трен. И на крај додавате суво грозје кое предходно сте ги ставиле да одстојат во вода. Пред да го ставите сувото грозје кај другите состојки го цедите од вода и исто така додавате рум поради убавиот вкус.

Ако не обожувате рум може во замена да ставите рендана кора од лимун или портокал. Сега со пластична лопатка полека промешувате од лево кон десно, се додека убаво не се измешаат сите состојки. Смесата треба да е воздушна, несмее да спласне бидееќи нема да испадне како што треба колачот.

финалниот дел

Во тафлонско плехче сипајте ја смесата. Ако не е тафлонско, тогас подмачкајте го плехчето со масло за јадење и посипете со брашно. Плехчето го ставате во предходно загреана рерна на 150 степени и печете го 45 минути.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Јајца 6 средни
  • Сурутка во прав со вкус на ванила (може и обична) 1/2 шоља мл
  • Натрен ( замена за шеќер) 15 Таблетки мл
  • Суво грозје 100 гр
  • Рум 1 лажици
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK