Колач со урда и суво овошје
  • ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Кога ќе помислиме за благо, секогаш помислуваме на торти или колачи со кремови, чоколадо, шлагови. Вообичајно ги правиме исти односно слични колачи. Па немора секогаш да ги правиме, можеме и некои други комбинации да направиме, како со компир, морков,урда. Да денесниот рецепт ќе биде од урда, без брашно, без пециво. Хм, интересно. Па ајде да видиме со што ќе го направиме денешниов колач.Знаете дека јас сакам да мешам секакви намирници и сакам да испробувам разни вкусови, па да видиме како ќе го бендисата овој колач. Ајде почнуваме.

Интересни намирници

Главно за овој колач е урдата, па јајцата, павлаката, шеќерот,гризот. Од сувото овошје иде како главно суво грозје и сув манго, ананас, па и некои други може да додадете. Сега ќе почнеме со подготовка на колачот, не ни треба многу време за правење.

Подготовка на колачот

Во длабок сад ги ставате јајцата и шеќерот и ги матите. Во меѓувреме го ставате сувото грозје да постои во вода, а сувото овошје го сецкаме на помали парчиња. Потоа ги додавате другите состојки а урдата на крај и не ја мешајте многу нека има парчиња.

Финалниот дел

Плехот во кој ќе се пече колачот го премачкувате со масло за јадење и побрашнувате. Потоа смесата ја сипате во плехот.Ставате уште малку од павлаката одозгора и од сувото овошје. Колачот го печеме на 220 степени додека не добиете убава боја на колачот.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Урда 500 гр
  • Павлака 200 мл
  • Јајца 4 средни
  • Шеќер 5 лажици
  • Гриз 5 лажици
  • Суво грозје 100 гр
  • Суво овошје 100 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK