Колач со јадкасти плодови
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Прво сувото грозје ставете го во вода да одстои пола сат. Јаболките ги излупите и изрендајте па ставете ги во тенгере и на плотна да изврије вишок на вода. Орасите и лешниците сомелете ги како брашно и ставете ги во длабок сад.

Во садот ставете ги готовите и изладени јаболки, кокосот, шеќерот и сувото грозје (кое предходно сте го исцедили од вода). Чоколадото искршете го на парчиња и ставете го да се топи на пареа.

Сите состојки кои сте ги ставиле во длабок сад измесајте ги, исто така додајте го растопениот маргарини. Убаво кога ќе ги соедините состојките ставете ја смесата во плех кој сте го обложили со мрсна хартија. Одозгора посипајте го колачот со сусам и ставете да се пече на 200 степени.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Јаболки 1 кг
  • Лешници 150 гр
  • Ореви 150 гр
  • Суво грозје 150 гр
  • Кокос 200 гр
  • Сусам 100 гр
  • Чоколадо за готвење 200 гр
  • Маргарин 250 гр
  • Шеќер 100 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK