Компир со лебни трошки во рерна
  • 1ч : мин
  • 4 порции
  • лесно

Готвењето е уживање за мене а се надевам дека ве има многу како мене. Без разлика што готвам, дали е тоа солено или благо, со иста желба сум за нешто убаво, интересно и необично. По интернет исто така барам интересни рецепти и необични, па обавезно ги правам. Така и овој рецепт го видов на некоја страна и еве го направив.

Подготовка на компирот

Компирот го лупите и сечете на тркалца, ставате во длабок сад. Го зачинувате со сув зачин ( вегета ),мелен црн бибер, убаво промешувате со раце за да сите сечени компири примат од зачините.

Редење на компирот во плех

Во друг сад го сипаме презлето и едно по едно парче компир го валкате во презлето и редите во подмачкан плех. Може и да ставите мрсна хартија а врз неа сипате масло за јадење. Сите компири ги правите на ист начин и ги редите скаласто во плех како на слика.

Печење на компирите

Врз компирите ставате парче маргарин или путер како сакате. Во предходно загреана рерна го ставате плехот со компирчињата. Ги печеме додека не поруменат и станат крцкави. Превкусни компири со презла мммм. Може да ги служите со некое месо или со џигерче како што јас подготвив, пилешко џигерче.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Компир 1 кг
  • Лебни трошки 100 гр
  • Сув зачин- вегета по вкус мл
  • црн бибер мелен 1 лажички
  • Маргарин 150 гр
  • Масло за јадење 3 лажици
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK