Компир со ориз и домати
  • ч : мин
  • 1 порции
  • лесно

Приготвување

Во бок тава или било каква, ставете го исецканиот кромид,пиперки и домати да се пропрзат.Предходно во тавата ставете маслиново масло. По пола сат пропрзување на зеленчукот додајте го оризот и оставете усте петнаесет минути да се прзи.

Тавата тргнете ја од плотната и ставете ја настрана. Во меѓувреме изљупете ги компирите и ставете ги во вода да стојат да не потемнат додека не ги изљупете сите. Измијте ги и исечете ги на тркалца.

Во тркалезен плех наредете ги пола од компирите, а другите оставете ги за одозгора. Оризот со зеленчукот зачинете го и ставете го врз компирот во плехот. Врз зеленчукот наредете ги останатите компири и зачинете ги. Одозгора сипајте од маслиново масло две до три супени лажици и сипајте вода колку да се покријат компирите. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Компир 1,5 кг
  • Ориз 300 гр
  • Домати 600 гр
  • Пипер 200 гр
  • Кромид 200 гр
  • Маслиново масло 100 мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK