Крекери со Интегрално брашно Сирење и Мак
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Еве едни здави колачиња за вашата ужинка или грицкање. Гледам да користам здрави намирници со многу семиња. Крекерите се одлични, вкусни и крцкави. Лесни за подготвување, а најдобри се кога ќе постојат повеќе, но кај мене, одма ги снемува.

Подготовка на тестото

Замесете го тестото од наведените состојки, брашно, сол прешок за печиво,путер или маргарин,издробено сирење, мак, сусам,вино и јајца. Месете го тестото додека убаво не се спојат состојките и додека не се добие убаво мазно тесто. Оставете го тестото во фрижидер на еден сат. Загрејте ја рерната на 180 степоени и обложете два плеха со мрсна хартија. Тестото поделете го на шест топчиња.

Правење на крекерите

Секое топче расукајте го во правоаголник и сечете со остер нож, по должина и ширина да се добијат квадратчиња. Во спремните плехови ги редите квадратчињата тесто. Кога сте ги направиле сите ги ставате во рерна и печете околу 15 минути, да добијат боичка. Исклучете ја рерната и оставете ги крекерите уште десет минути во неа. Потоа извадете ги и готови се за конзумирање.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брашно интегрално 300 гр
  • Сол 1 лажички
  • Прашок за печиво 1 кесиче мл
  • Путер или маргарин 150 гр
  • Сирење 150 гр
  • Мак (афион) 3 лажици
  • Сусам 3 лажици
  • Бело вино 100 мл
  • Јајца 3 средни
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK