Крцкава Пита со Праз и Месо
  • 2ч : 0мин
  • 6 порции
  • предизвикувачки

Постојат многу рецепти за пити, меѓутоа секоја се разликува, бар малку. Така и во оваа има нешто интересно. Лесно за правење, необичен фил, крцкава, се топи во уста. Се надевам дека ќе уживате. Толку е вкусна што ќе ја правите често.

Спремање на филот

Во тава ставаме масло за јадење и го ставаме предходно исчистениот и исецканиот праз да се пржи. Меленото месо го додаваме во тавата и го пржиме со празот, зачинуваме и побиберуваме. После 15тина минути ја тргаме тавата од плотната и ја оставаме да се олади.

Замесување на тестото

Се замесува тесто од брашно, млака вода и 2 лажички сол. Одкако ќе се замеси средно меко тесто се дели на два дела, од кои едниот поголем, а другиот помал.

Премачкување на корите со маргарин

Ја земаме поголемата кора и ја сукаме со сукало колку потенко можеме, и премачкуваме со дебел слој на маргарин предходно оставен на собна температура. Ја тргаме кората на страна. Ја земаме другата кора и нејзе ја мачкаме со маргарин и ја оставаме на страна.

Растегнување на корите

Ја зимаме првата кора и со раце ја растегнуваме колку што можеме потенко, зимаме нож и ја сечеме од крај према средина како полжав. Почнуваме со мотање на кората од крајот према средина како ролат. Потоа ја зимаме помалата кора и нејзе исто така ја мачкаме со маргарин и ја мотаме во ролат.

Финалниот дел

Плехот, во кој ќе ја печеме питата го премачкуваме со маргарин. Поголемата кора се расукува со сукало, малку поголема од плехот, потоа ја ставаме во плехот и врз неа го ставаме филот.Втората кора исто така ја расукуваме али во величина на плехот и ја покриваме питата. Правиме витка и питата ја попрскуваме со масло за јадење и рендаме кашкавал, потоа ја ставаме во рерна да се пече на 180 степени околу30 мин.

Препорака

Корите може да ги спремите од вечер и да ги ставите во фрижидер, па утредента да ги расукате и питата е готова за пол сат. Дури можете да ги замрзнете корите и да ги извадите кога ќе правите пита.

Пријатен апетит.


Состојки

  • Брашно 500 гр
  • Маргарин 250 гр
  • Праз 2 средни
  • Мелено Месо 300 гр
  • Кашкавал 200 гр
  • Вода 250 мл
  • Сол 1 лажички
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK