Леб со Ким
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Лебот е една од основните намирници, традиционална за нашиот балкански начин на исхрана. Постојат стотици идеи и начини за подготовка на различни видови на леб меѓу кои се оние од бело брашно, интегрално, ржано, хељдино и др. Има разни варијации на подготовка со различни додатоци во нив која го прават вкусот на лебот специфичен како на примен додавање на разни семиња, јаткасти плодови и разни зачини по вкус. Мојот предлог за вашата трпеза е леб кој е многу ароматичен и превкусен благодарејќи на една од клучните состојќи, односно ким.
lk1

Приготвување на тестото

Во длабок сад го ставаме брашното, сувото нане, издробено суво пиперче, лен и ким. Сето тоа убаво се промешува. На страна во друг сад ставаме млака вода, шеќер и квасец и се остава да стаса. Одкако ќе стаса квасецот го додаваме заедно во сад со брашно. Посипуваме млака вода и со рака го замесуваме тестото се додека не добиеме меко и мазно тесто.
lk2

Замесување на тесто

Тестото го покриваме со куијнска крпа и го оставаме да стаса околу еден час. Кога тестото ќе стаса и дупло ќе се зголеми неговиот волумен, се префрла на работна маса која претходно сме ја наросиле со брашно. Убаво го замесуваме тестото и го оформуваме спрема плехот во кој што ќе го печеме лепчето.
lk3

Печење на лепчето

Тркалезното плехче го мачкаме со масло за јадење и побрашнуваме. Готовото тесто го ставаме во плехчето и го печеме на 200 степени околу 30 мин.
lk4

Препорака

Ова лепче со сигурност ќе стане едно од омилените варијации на леб кој некогаш сте го пробале. Просто ќе ве намами прекрасната арома на кимот, а по првиот залак веќе ќе го осетите и пикантниот вкус кој потекнува од црвеното пиперче. Никогаш не практикувајте конзумирање на леб веднаш по печењето додека лебот е сеуште врел бидејќи топлината може да ви предизвика проблем со желудникот. Место бело брашно експериментирајте со други видови на брашно, како што е интегрално, хељдино и др. Овие видови брашна се многу поздрави, и содржат многу минерали, витамини, како оние од Б групата, но исто така е зачуван и процентот на диетални влакна кои во целост многу подобро ќе влијаат врз вашето тело во споредба со белото брашно.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брашно 500 гр
  • Вода 400 мл
  • Сол Хималајска 2 лажички
  • Лен 20 гр
  • Суви Лути Пиперчиња 5 мали
  • Суво Нане 2 лажици
  • Шеќер 2 лажички
  • Квасец 20 гр
  • Ким 10 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK