Мактуп бурек
  • 1ч : 00мин
  • 6 порции
  • лесно

Здраво и добро дојдовте! Денес ќе подготвиме едноставно и вкусно предјадење.
Станува збор за варијанта на бурек со готови кори. Идеално за послужување на Вашите ненајавени гости бидејќи е потребно кратко време за подготовка.

Приготвување на филот

Во сад го додаваме млекото и маслото. Матиме се додека не добиеме хомогена течна смеса. Оваа смеса ќе ја искористиме за премачкување на корите, а останатиот дел ќе го искористиме за премачкување пред печење.
Во друг сад ги рендаме саламата и кашкавалот, притоа додаваме малку сол и црн бибер. Ги измешуваме да добиеме хомогена мешавина.
bs_1

Приготвување на корите

Започнуваме со редење на корите. Притоа, премачкуваме со течната смеса од млеко и масло после секоја кора. Во еден бурек треба да имаме четири слоја од кори.

Откако ќе наредиме четири слоја, притоа измачкувајќи помеѓу, одиме на следниот чекор. Со нож го сечеме снопот кори на квадратни форми. Најпрво вертикално, па потоа хоризонтално сечеме редови со димензии до 10тина сантиметри.

bs_3

Завршеток и Печење

Вака подготвените кори ги наросуваме со филот од салама и кашкавал. Краевите ги превиткуваме, но притоа оставаме отвор на средината. Отворот ќе овозможи кашкавалот да се запече и добие крцкав и феноменален слој при печењето.

Во останатата течна смеса од млеко и масло го додаваме јајцето. Матиме за да се соедини, за да добиеме хомогена смеса. Секоја од превитканите кори се премачкува по целата површина.

Со малку масло премачкуваме плех за печење. Ги редиме бурек питите и печеме на температура од 250 целзиусови степени. Се пече се додека бурек питите не добијат жолто-руменикава боја.

bs_4

Послужување

Како за крај, послужете со малку павлака или пак кисели краставички. Секако, ова задовлоство е највкусно додека е топло бидејќи корите се крцкави.

Се надевам Ви се допадна овој брз и едноставен рецепт. Доколку сакате може да го измените филот за да добиете различен вкус. Може да искористите мелено месо, сирење или пак џем, крем и сл.

bs_6

Добар апетит!


Состојки

  • Готови кори 500 гр
  • Млеко 200 мл
  • Масло 100 мл
  • Јајце 1 средни
  • Салама 250 гр
  • Кашкавал 250 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK