Мали залчиња – лапни голтни
  • ч : 45мин
  • 6 порции
  • предизвикувачки

Мали интересни, како да ги наречам залчиња. Ова ќе ви бидат интересни како за лапкање така и за правење. Несумјам дека нема да ви се бендисаат бидееќи се примамливи и вкусни, пред се крцкави.Незнам да ли сте имале можност да ги вкусите и тоа со зденка и буковка ( толчен пипер ).Малку за промена не се еден ист фил, месо, сирење, спаноќ, зелка па еве и ваков интересен и необичен фил.

Подготовка на корите

За подготовка на корите , односно за премачкување ќе ни биде потребно млеко и масло за јадење.Редите три кори една преку друга но премачкани со млеко помешано со масло за јадење. Корите ги сечете по должина на четири и ширина на четири. Така добивате шеснаесет квадратчиња.

Филување и мотање на залачињата

Зденките ( топено сирење ) го сецкате на мали парчиња и ставате на секое квадратче и ставате по малку од буковка.Супротните краеви ги диплите према средина ( лево десно,горе доле, знаци према средина ).Така добивате мало здиплено квадратче, залаче.

Финалниот дел

Матите едно јајце и ставате малку сол, ги премачкувате залачињата а одозгора ставате парченце зденка и црвен домат. Посипувате мак (афион) или сусам. Ги редите во плех обложен са мрсна хартија. Печете на 220 стемени дваестина минути, односно додека не добијат убава боичка.За секоја прослава добро ќе ви дојдат и за секој празник.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Кори за пита 500 гр
  • Млеко 1 шоња мл
  • Масло за јадење 1/2 шоња мл
  • Зденка 1 кутија мл
  • Буковка (толчен сув пипер 2 лажици
  • Сусам или мак по потреба мл
  • Сол малку мл
  • Домат црвен 50 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK