Мафини со чоколадо без брашно
  • 1ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Мафини ги обожувам. Мали слатки и слани задоволства за ского,секогаш лесни за подготвување. Може да ги правите со секакви состојки по ваша желба. Но овие што ќе ви ги направам се исклучиво интересни и вкусни.

Подготовка на состојките

Прво јадкастите плодови ги блендирате односно мелете, да бидат како брашно. Сувото грозје го ставате да постои во вода а портокалот изрендајте го.

Подготовка на смесата

Во длабок сад го сипате брашното од јадкастите плодови,ги кршите јајцата и го додавате ренданиот портокал.Кокосот го ставате и сувото грозје исцедено од вода. И уште останува да додадете мед и вода, на крај убаво промешајте.

Правење на мафини

Во папирнати капсули ставите по малку од смесата и едно парче чоколадо а потоа пак ставете од смесата врз чоколадо. Така направете мафини додека не ја потросите смесата. Мафините печете ги на 220 степени додека не си добијат боичка, печете ги околу 40 минути.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Јајца 4 средни
  • Ореви 100 гр
  • Семки од тиква 100 гр
  • Семки од лен 100 гр
  • Сусам 100 гр
  • Семки од сончоглед 100 гр
  • Вода 100 мл
  • Сода бикарбона 1 лажички
  • Суво грозје 100 гр
  • Кокос 100 гр
  • Рендана кора од еден портокал 1 парче мл
  • Чоколадо за готвење 100 гр
  • Мед 6 лажици
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK