Мусака од Чoвтиња
  • 1ч : 20мин
  • 1 порции
  • предизвикувачки

Се едни исти работи ни стануваат досадни, така исто и со јадењето па реков нешто да сменам во нашиот македонски специјалитет што се вика мусака. Па да видам да ли ќе ви биде интересно.

Подготовка на состојките

Компирот го лупите и сечете на тенки тркалца и ги оставате да стојат во вода. Кромидот го сецкате на ситно и го ставате во меленото месо. Потоа додавате лебни трошки, јајце сол, вегета (сув зачин), мелен бибер и сецкан магдонос. Сето тоа убаво го замесите и направете ги човтињата.

Подготовка на мусаката

Зимате едно тркалезно тавче и во него ги редите копирчињата во круг.Ги попрскувате со масло за јадење и зачинувате па ги редите човтињата врз компирите. Врз човтињата ги редите останатите компири и нив ги зачинувате и посипувате со масло за јадење.

Печење на мусаката

Вака наредената мусака посипувате ја со една чаша вода и ја ставате во загрејана рерна. Мусаката ја печете на 250 степени додека компирчињата не се заруменат.

Финишот

На страна ги матите јајцата ставате сол и додавате млеко. Убаво размутувата. Преливот го посипувате преко печените компирчиња и пак ја врачате мусаката во рерна да се допече уште 15 минути. Парче мусака ја вадите на чинија и додадите топки од павлака и неколку краставички.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Компири 1,5 кг
  • Мелено месо 1 кг
  • Кромид 1 главица мл
  • Јајце 1 големи
  • Сол по потреба мл
  • Мелен бибер по потреба мл
  • Сув зачин по потреба мл
  • Лебни трошки по потреба мл
  • Јајца за одозгора 4 средни
  • Млеко за одозгора 1 шоља мл
  • Масло за јадење по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK