Овесен колач (непечен)
  • ч : 30мин
  • 4 порции
  • лесно

Прекрасен колач кој ќе ве исполни со енергија. Конзумирајте го во утринските часови како утрински појадок. Следи подготовка на
колачот, се надевам дека ќе уживате.

Подготовка на тестото

Во еден сад за мелење ставете ги: овесните снегулки, оризните снегулки, бадемите и оревите. Состојката добро се меле и се префрла во еден поголем сад. Во истиот сад ставете: лен, путер од кикирики, 100 гр чоколадо за готвенје (претходно растопено), млеко, мед/боров мед/рум и сето тоа добро се меле се додека не се соедини смесата. Соединетата смеса се додава во садот со претходно измелените состојки и сето тоа добро се меша се додека не се соединат сите состојки.

Подготовка на чоколадниот прелив

Во едно тенџере ставете вода и едно помало тенџере над него за да се растопат преостанатите 200 гр од околадото, додадете путер и добро мешајте се додека не се растопи. На крајот ставете го подготвеното тесто во сад во кој претходно сте ставиле хартија за печење малку (натопена во масло да не залепи), одозгора прелиете со филот и ставете во замрзивач да се стегне половина час.

Сервирајте и уживајте, Добар апетит!


Состојки

  • Овесни снегулки 250 мг
  • Бадеми 150 гр
  • Ореви 150 гр
  • Оризни снегулки 250 гр
  • Чоколадо за готвење 300 гр
  • Путер 50 гр
  • Млеко 250 мл
  • Сируп од бор, мед или рум 100 мл
  • Чија семе 30 гр
  • Лен 30 гр
  • Путер од кикирики 2 лажички
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK