Ориз со бело месо
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Во еден длабок сад ставете го оризот и измијте го. Земете длабоко тенѓере сипајте едно литро вода и ставете го на плотна да зоврие. Водата зачинете ја со сув зачин и мелен бибер па одкако ќе зоврие ставете го оризот. Варениот ориз ставете го на чинија и убаво го обликувајте.

Белото месо исечете го на парчиња како на слика и зачинете го со мелен бибер, сув зачин и масло за јадење. Промешајте го убаво и ставете го во алуминиска фолија, во плех и нека се пече. Печете го 30 минути на 200 степени.

Испеченото бело месо извадете го од рерна и наредете го околу оризот. Декорирајте по ваша желба.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Ориз 300 гр
  • Бело месо пилешко 500 гр
  • сув зачин по потреба мл
  • Бибер мелен по потреба мл
  • Масло за јадење по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK