Паша Локум со карамел
  • ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Овој рецепт одамна сакав да го направам и еве сега ке ви го презентирам. Рецептот го видов во Кулинарика па со некои измени многу убаво искочи.Па ви го препорачувам, ако не сте го направиле засукајте ракави и ајде на работа.

Во еден сад ставете го млекото, брашното, густинот и какаото, убаво промршајте, да нема грутчиња. Додадете го шеќерот, ванилата и путерот и ставете на плотна да се згусне со непрестано мешање. Одкако ке се згусне смесата тргнете го садот од плотната.

Земете плех од рерна и посипете го со кокосот.Потоа кремот истурете го преку кокосот и размзчкајте го кремот преко целиот плех. Оставете го во фризидер околу еден сат.

Размутете ја хоплата и по еден сат извадете го плехот од фрижидер и премачкајте преку кафеавиот крем, а одозгора премачкајте карамелот. Исечете го колачот на ленти како на слика и со вилуска мотајте ги ролничките. Лапни голтни. Ммммм преубави.

Добар апетит!


Состојки

  • Млеко 1 л
  • Шеќер 200 гр
  • Путер 100 гр
  • Густин 100 гр
  • Брашно 100 гр
  • Какао 5 лажици
  • Ванилин шеќер 2 кесички мл
  • Хопла 250 гр
  • Карамел купечки 250 гр
  • Кокос 100 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK