Пилешки гулаш
  • ч : 45мин
  • 4 порции
  • лесно

На сите нас ни е потребна некоја промена во јеловникот. Па еве имам несто комбинирано со бело пилешко месо и компир. Ви препорачувам да го пробате овој пилешки гулаш.

За овој рецепт ќе ви биде потребно бело месо, црн кромид, компир варен и зачини. Едноставно и вкусно кое што бргу ќе го припремите.
Сецканиот кромидот ставете го во тава и пржите со малку масло за јадење додека не омекне. Додајте го сецканото бело месо и продолжете да го пржите 10 минути. Варениот компир кои што сте го свариле предходно, изрендајте го. Во тава сипајте една чаша вода и динстајте го месото 20 мин.
Зачинете и додајте го ренданиот компир, динстајте уште 15 мин.

Додека се динста месото обарете го зеленчукот, јас го барев на пареа така ми е повкусен. Тоа ќе ни биде додаток за гулашот.

Пријатен апетит!


Состојки

  • пилешко бело месо 1 кг
  • црн кромид 300 гр
  • компир варен 300 гр
  • сол по вкус мл
  • мелан црн бибер по потреба мл
  • вегета по вкус мл
  • црвен пипер 1 лажици
  • мешан зеленчук за додаток мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK