Пита со спаноќ и сирење
  • 1ч : 30мин
  • 1 порции
  • средно

Спаноќот го спремате за пита да биде сецкан на крупно и го посолувате.Одкако ке одстои го цедите и му додавате сирење. Го замесувате тестото од брашно, квасец, шеќер, сол и млака вода. Прво квасецот го стасувате потоа го замесувате тестото .

Тестото поделете го на два дела. Секое парче расукајте го со сукало во вид на правоаголник. Премачкајте го тестото со маргарин и исечете го како на слика па диплете го. Исто така направете го и другото тесто.

Расукајте ја кората во зависност од плехот и ставете ја во плех кој претходно сте го премацкале со масло за јадење.Ставете го филот врз кората и прекријте со друга расукана кора.Попрскајте со масло и ставете ја во загрејана печница. Печете додека се сцрвени.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брашно 400 гр
  • Вода млака 200 мл
  • Квасец сув 1/2 кесичка мл
  • Шеќер 1 лажички
  • Сол 1 лажички
  • Маргарин 1 мл
  • Спаноќ 700 гр
  • Сирење 300 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK