Плескавици од три вида на мелено месо со мајонез
  • ч : 30мин
  • 4 порции
  • лесно

Значи за овие плескавици ви е потребно три врсти на месо. Земете месо од месара и сомелете ги дома како што јас направив или ако немате машина за мелење на месо земете мелено месо. Може пилешкото да го исецкате на ситно.

Месото ставете го во длабок сад, потоа исецкајте го кромидот на ситно и ставете го кај месото. Во садот додајте ги останатите состојки, како сол, сув зеленчук,мелен бибер и јајца. Сето тоа убаво замесите односно измешајте па на крај додадете го мајонезот и брашното. Состојките убаво соедините ги да добиете една компактна смеса.

Сега правете ги плескавиците, ама прво ставете си брашно на рацете да не ви се лепи смесата и направете топчиња . Сега направете плескавици од секое топце. Во загреано масло за готвење пржете ги плескавиците.
Вкусни сочни и неодоливи. Гарнирот е по ваша желба или само некоја салата и тоа може.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Мелено месо пилешко (стек) 300 гр
  • Мелено месо свинско 300 гр
  • Мелено месо телеско 300 гр
  • Кромид 500 гр
  • Интегрално јачменово брашно 6 лажици
  • Мајонез 6 лажици
  • сол по вкус мл
  • јајца 2 средни
  • Сув зеленчук по вкус мл
  • Црн мелен бибер 1 лажички
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK