Погачи со праз
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • средно

Здраво драги пријатели, и добродојдовте повторно на уште една кулинарска дружба!

Едни од моите омилени рецепти се солени деликатеси од месено тесто, кои најчесто се приготвуваат во нашите домови. Тука се најразновидни кифлички, погачи, пити, и се останато што може да се приготви од брашно.

Денес ќе приготвиме прекрасна и вкусна погача во комбинација со фил од праз. Одличен рецепт кој можете да го приготвите за вашите најблиски. Уживајте во наредните неколку минути, набрзо започнуваме…

pp_1

Подготовка на тестото

Во загреано млеко го додаваме квасецот, малку шеќер, и оставаме смесата да стаса. Откако ќе стаса, во еден поголем сад ја додаваме смесата со квасец, преостанатото млеко и постепено додаваме брашно. Притоа мешаме се додека не добиеме хомогена смеса. По соединување на смесата, убаво го замесуваме тестото. Потоа го покриваме со една крпа и се остава на собна температура околу еден час да отстои.
pp_2

Подготовка на филот

Празот убаво го прочистуваме под вода и го сецкаме на ситни парчиња. Во тава со малку масло за јадење го додаваме исечканиот праз. Притоа додаваме малку сол и убаво промешуваме. Пропржуваме се додека празот не омекне, и добие жолтеникава боја. Доколку имаме вишок на маснотии, процедуваме и го оставаме на страна да се олади. Притоа, во помал сад го растопуваме марагирнот, и продолжуваме понатаму…
pp_5

Подготовка на погачите

Работната маса ја покриваме со чаршав, и побрашнуваме. Тестото добро го замесуваме и го делиме да десет парчиња. Земаме едно парче кое го сукаме за да добиеме тенка кора. Врз кората нанесуваме малку од растопениот маргарин и дел од филот. Потоа земаме уште едно парче, го сукаме и покриваме врз кората со нанесен фил. Исто како и претходно, нанесуваме малку од маргаринот и филот. Постапката ја повторуваме со сите преостанати парчиња тесто.
pp_6
Откако ќе добиеме сноп од кори, со помош на чаршавот замотуваме ролат. Ролатот го поставуваме на претходно побрашнета површина и го делиме на парчиња. Во тава за печење, која претходно добро ја подмачкуваме со маргарин, ги редиме погачите со доволно растојание помеѓу секоја. Печеме на 220 степени, околу 40 минути.
pp_7

Предлог

Вака приготвените погачи може да ги послужите со козјо сирење, или пак кисело млеко. Серивирајте додека се топли.

Добар апетит, и останете во добро расположение!


Состојки

  • Брашно 500 гр
  • Квасец 20 гр
  • Сол 2 лажички
  • Шеќер 1 лажички
  • Млеко 250 мл
  • Праз 500 гр
  • Масло 5 лажици
  • Маргарин 250 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK