Полулиснати кифли
  • 2ч : 0мин
  • 6 порции
  • средно

Лиснато и полулиснато тесто се користи за многу солени и благи производи. Од сосема едноставни намирници, до многу вкусни производи. Не е тешко да се направи дома, а одлично е што може да го припремите и да го замрзнете до некоја наредна прилика. Разлика помеѓу лиснатото и полулиснатото тесто е во тоа што во полулиснатото тесто додаваме квасец. Најубавото нешто, што се прави од полулиснато тесто се кроасани.
pk1

Замесување на кроасаните

Квасецот го ставаме во пола шоља топло млеко, една лажичка шеќер и брашно, и оставаме да надојде. Во длабок сад го ставаме брашното, солта, надојдениот квасец и останатите состојки и го замесуваме средно меко тесто.
pk2

Редење на корите

Тестото го делиме на 8 топчиња (а за помали кроасани на 16 топчиња), секое го расукуваме во тркалезна кора, ја премачкуваме со маргарин и 4 кори редиме една преку друга. Само последната кора не се мачка со маргарин.
pk3

Правење на кроасаните

Така на две места добиваме по 4 кори кои ги покриваме со кујнска крпа и оставаме 15 мин. Ја расукуваме првата кора и ја сечеме на 4, па повторно на 4. Од добиените триаголници ги правиме кроасаните и ги редиме во подмачкан плех. Така правиме и со другата кора. Кроасаните ги оставаме убаво да нараснат околу 1 час.
pk4

Печење на кроасаните

Откако убаво ќе нараснат кроасаните ги премачкуваме со разматено јајце и посипуваме со сусам. Ги печеме 20 минути во претходно загреана печка на 220 степени.
pk5

Препорака

Кроасаните може да ги филувате по желба. Со сирење, печурки, или со домашен мармалад, афион, ореви и др.

Пријатен апетит!

pk6

Состојки

  • Брашно 1 кг
  • Квасец 40 гр
  • Масло за јадење 200 мл
  • Сол 2 лажички
  • Млеко 350 мл
  • Сусам 20 гр
  • Маргарин 250 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK