Поховани обланди
  • ч : 30мин
  • 5 порции
  • лесно

Филот за обланди го подготвувате на следен начин. Во длабок сад го ставате месото,едно јајце,рендан кромид, сув зачин, мелен црн бибер и промешувате. Сланината ја сецкате на ситни коцки и тоа го ставате во садот кај меленото месо. Фантот го растварате со малку вода па и него го ставате во меланото месо.Целата смеса убаво ја замесувате со рака да добиете хомогена смеса.

На мокра крпа ја ставате едната обланда и на самиот крај од обландата ставате од филот. Обландата ја виткате во ролат и сечете на парчиња.
Така ги правите и останатите обланди.

Две јајца ги матите во помал сад и посолувате, во друг сад ставете го брашното а во третиот сад лебните трошки.

Во тава сипајте го маслото за јадење и ставете го на плотна да се загрее. Парчињата обланди ги валкате прво во брашно па во разматените јајца и на крај во лебни трошки, пржете ги во врел зејтин кратко време.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Обланди 3 парчиња мл
  • Малено месо 300 гр
  • Кромид 1 главица средна мл
  • Сланина сецкана 100 гр
  • Фант прашок за чувтиња 1/2 кесички мл
  • Јајца 3 средни
  • Сол по потреба мл
  • Сув зачин по потреба мл
  • Мелен бибер По потреба мл
  • Брашно по потреба мл
  • Лебни трошки по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK