Протеински ручок
  • 1ч : мин
  • 4 порции
  • средно

Подготвување

Пилешко месо исецкајте го на парчиња и ставете го во тава со маслиново масли да се пржи. Печурките исецкајте ги на крукчиња, ставете ги кај месото и продолжете да ги пржите.

Потоа ставете го виното и нека се динста уште пртнаесетина минути. Зачинете го месото и печурките и префрлете ги во плех.

Рерната укључете ја на 250 степени. Јајцата искршете ги и ставете во длабок сад посолете и додајте го јогуртот. Смесата измешајте ја убаво и посипајте ја преко месото и печурките. Плехчето ставете го во рерна и печете додека не си добие убава боичка.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Пилешки стек 1 кг
  • Печурки свежи 500 гр
  • Јајца 6 средни
  • Јогурт 200 мл
  • Црвено вино 100 мл
  • Маслиново масло 100 мл
  • сув зачин по вкус мл
  • Мелен бибер по вкус мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK