Протеински спанаќ
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Спанаќот го чистите и убаво го мијете. Го ставате во вода да се обари и процедувате. Исто така и месото го ставате во тенџере со морковот да се свари. Одкако ќе се свари месото и морковот ги сецкате на ситно или со прсти го цупкате на парчиња.

Спанаќот го сецкате и го ставате во плех, го зачинувате и промешувате. Ја ставате урдата исто така и масло за јадење и сето тоа убаво промешувате.

Плехот го ставате во рерна и спанаќот го печете околу 30 минути, потоа го вадите плехот од рерна. Посипувате со разматени јајца и јогурт во кое предходно сте ставиле зачин по ваш вкус. Го враќате плехот во рерна да се подпече се додека не добие убава боја. Мене ми беше многу вкусно, пробајтего овој рецепт.

Пријатен Апетит!


Состојки

  • Спаноќ 2 кг
  • Урда 300 гр
  • Морков 200 гр
  • Бело месо 500 гр
  • Јајца 6 средни
  • Јогурт 500 мл
  • Зачин сув по потреба мл
  • Мален црн бибер по потреба мл
  • Сол по потреба мл
  • Масло за јадење по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK