Протеинско едно лече
  • 1ч : 20мин
  • 6 порции
  • лесно

Овој рецепт се надевам дека ќе го ставите во вашето мени, бидееќи ќе ве одушеви.Поготово тие што држат диета протеинска.
Колач без брашно, многу едноставен и бргу се прави.
Жолчките одвоите ги од белките. Матите ги белките со миксер додека не се згусне белката. Потоа во белката ставете рендана кора од лимун,млекото во прав шеќерот и разматената жолчка.Земете дрвена лажица или пластична и полека промешајте ја смесата да не падне белката.

Во тафлонско плехче истурете ја смесата и печете ја во загреана рерна на 150 степени, 45 минути. Одкако убаво ке се испече колачот извадете го од рерна да се олади.

Потоа сипајте го млекото врз колачот и оставете да се впие целото млеко. Одозгора потоа премачкајте го колачот со карамел. Јас купив готов карамел, а може и дома да направите. Лесен, вкусен и сочен колач.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Млеко во прав или сурутка во прав 200 гр
  • Јајца 7 средни
  • Рендана кора од лимун 1 парче мл
  • Млеко 500 мл
  • Купечки карамел 300 мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK