Путер од Кикирики
  • ч : 30мин
  • 4 порции
  • лесно

Еве малку полесен рецепт, многу лесен за правење исто така многу вкусен, а што е најважно пун со протеини.Знаеме дека го има и во продавница да се купи но домашниот путер е поздрав и секако поевтин. Во овој намаз што го правиме дома 100% кикирики и нисто друго, а додека купачкиот путер содржи сол, шеќер и усте некои други додатоци. Така да домашно си е домашно,знаеме што се става.

Печење на кикириките

Кикириките ги ставате во плех за печење и ги печете на 180 степени околу 15 минути. Кога ќе осетите убаво мирисање на кикириките тоа значи дека се готови и пазите да не ги препрчете бидееќи тогаш може да нагорчува путерот.

Правење на путерот

Оладените кикирики ги ставате во блендер само на два, три пати, во зависност колкав ви е блендерот. Ќе миксирате околу 15 минути со мали паузи. По 5 минути миксирање ако нема некоја промена кај кикириките, ако се само исецкани, тоа значи дека блендерот е со слаба јачина може да му додадете малку маслиново масло. Кога ќе ја добиете потребната смеса, путерот е готов. Ако сакате може да го оставите со парченца кикирики, по желба.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Кикирики непечени лупени 300 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK