Рататур со батаци
  • 1ч : 30мин
  • 5 порции
  • средно

Едно од најомилените јадења во летниот период ми е Рататур. Оваа традиционалното јадење потекнува од Франција. Се прави само од зеленчук, но може и со други додатоци во зависност од Вашата желба. Така јас додадов пире од компири и пилешки батачиња. Оваа прекрасно ароматично јадење со преубави бои е лесно и едноставно.
rb1

Приготвување на пиперот и доматот

Пиперките се мијат и се ставаат во рерна да се печат. Одкако ќе се испечат се лупат и се чистат од семки, а потоа заедно со доматот се сецкаат на ситно. Вака исецканите домат и пипер ги ставаме во длабоко сад за готвење. Додаваме масло за јадење и сол по вкус. Откако ќе испари водата и ќе добиеме густа смеса, го тргаме садот од плотна и смесата ја ставаме во плех за печење.
rb2

Приготвување на горниот дел од јадењето

Во сад за готвење додаваме две чаши вода и оставаме на оган да зоврие. Потоа го ставаме пирето во прав и убаво промешуваме. Во пирето ставаме вегета и една лажица путер, мешаме се додека не добиеме убава хомогена смеса. Во дру сад ставаме да се варат батачињата. На крај ги сечеме на тркалца тиквичките, доматите и модриот патлиџан.
rb3

Редење на горниот дел од јадењето

Во плехот каде што го ставивме динстаниот зеленчуг го редиме зеленчугот кој што го сецкавме на тркалца. Се реди по краевите на плехот, притоа посолуваме и посипуваме масло за јадење. Пирето го ставаме на средина, а врз пирето ги редиме варените батаци.
rb5

Потпекување на јадењето

Плехот го ставаме во рерна да се потпече на 250 степени околу 30 мин. Одкако ќе фати убава боја го вадиме од рерна и му ставаме сецкан магдонос и млад кромид.
rb6

Пријатен апетит, се гледаме наскоро!


Состојки

  • Пипер 1 кг
  • Домат 1,5 кг
  • Тиквички 2 средни
  • Модр Патлиџан 2 средни
  • Компир Пире 200 гр
  • Батаци 500 гр
  • Сол 2 лажички
  • Масло за Јадење 200 мл
  • Магдонос 3 лажички
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK