Редена салата со павлака и мајонез
  • ч : 30мин
  • 1 порции
  • лесно

Пред да почнете со подготвување на салатата, прво сварете ги јајцата, компирот и морковите. Одкако сте ги сварите излупите ги.

Земете го соодветниот сад во кој ќе ја редите салатата и обложите ја со прозирна фолија. Почнувате со рендањето на производите. Јас почнав со компирот па ставам малку сол па мајонез. Продолжуваме со јајца рендани малку сол па малку мајонез, па морков павлака, салама па мајонез, кашкавал па мајонез и така се до карај.

Одкако ќе ги потросите сите состојки покријте ја салатата со прозирна фолија и ставете во фрижидер на неколку сата.

Салатата ја вадите од фрижидер и ја превртувате во соодветна чинија. Прозирната фолија ја тргате од салатата. Украсувате по ваша желба. Многу вкусна и лесна салата за јадење. Се надевам дека ќе ви се бендиса.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Компир 500 гр
  • Салама 300 гр
  • Јајца 2 средни
  • Морков 300 гр
  • Кашкавал 300 гр
  • Мајонез 250 гр
  • Павлака 250 гр
  • Сол по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK