Розет колачи
  • 45ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Во тенџере на оган се става млекото и шеќерот колку да провријат. Го додавате црното чоколадо за готвење и путерот. Ја мешате смесата да се изедначи.

Се додаваат мелените ореви и мелената плазма. Корите се премачкуваат со се уште топол фил и се нредат една врз друга. Последната кора не се мачка со фил.

За убаво да се залепат корите притиснете врз нив. Оставете го колачот да отстои 5 часа. Растопеното чоколадо во кое што сте ставиле 3 лажици масло за готвење го премачкувате колачот.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Едно паковање од розет кори 1 мл
  • Млеко 500 мл
  • Шеќер 250 гр
  • Чоколадо за готвење 100 гр
  • Путер 200 гр
  • Ореви мелени 300 гр
  • Плазма мелена 300 гр
  • За глазура Чоколадо за готвење 100 гр
  • За глазура масло за готвење 3 лажици
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK