Ролат од компир пире
  • 1ч : 45мин
  • 6 порции
  • средно

Во еден сад ставете ги компирите да се варат и пет јајца во друг сад. Одкако ќе се сварат јајцата и компирите изљупете ги. Од компирот направете пире и зачинете го, а јајцата исецкајте ги. Направете ја смесата од меленото месо, со тоа што во него ќе ставите три јајца зачините,кромидот, лукот и сецканата сланина. Се добро замесите и на крај додајте ги лебните трошни.

Во компирот додајте го брашното и направете компактна смеса. На работна маса посипете брашно и расукајте ја смесата од компир пире. Врз компирот наредите тркалца од шумка а врз тоа ставете ја смесата од меленото месо и сегде исто премачкајте. На крај наредите ги сецканите јајца.

На крај замотајте се во ролат и ставете го во подмачкан плех и посипајте малку масло за јадење преку ролатот. Печете го ролатот додека не добие убава боја. Одкако ќе се испече ролатот го сечете на парчиња а за гарнир мозе било кој зеленчук. Јас како гарнир имам ставено печен компир, мада неиде компир со компир затоа ви прдлагам зеленчук како гарнир.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Компир за пире 1,5 кг
  • Јајца 3 средни
  • Јајца варени 5 средни
  • Сунка 500 гр
  • Сланина 300 гр
  • Мелено месо 1 кг
  • Кромид 300 гр
  • Бело лукце 1/2 главица мл
  • Брашно 200 гр
  • Лебни трошки 3 лажици
  • сув зачин по потреба мл
  • Бибер мелен по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK