Сарма од Кељ
  • 1ч : 30мин
  • 6 порции
  • лесно

Листовите кељ ги одвојувате еден по еден и ги ставате во солена вода да се обарат 15 минути. Потоа ги ставате во цедилка да се исцедат и оладат.

Меленото месо го ставате во длабок сад додавате зачини, две јајца, главица исецкан кромид, четири чешниња бел лук и брашно. Сето тоа убаво замесете го во хомогена смеса.

Во тава сипајте пет лажици масло за јадење и ставете го исецканиот кромид и преостанатиот бел лук кои исто така го сецкате. Пропржете го додека не омекне. Додајте го томателото и зачините и продолжете да го динстате триестина минути.

Во правоаголен плех наредете неколку листови од обарениот кељ и преку него сипајте го сосот од томателото.

Зимате еден лист од обарениот кељ, ставете со лажица од замесеното месо и замотајте го во ролат (како сто ги мотате сармите од зелка). Потоа готовите сарми редетеги во плехот. Одозгора посолете ги малку сармичките и сипајте една чаша топла вода. Ставете ги во рерна, покриени со фолија и печете ги 60 минути на 200 степени. Можете како гарнир да додадете печен компир, пржен или пире, по ваша желба.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Кељ 1 главица мл
  • Малено месо 1 кг
  • Томатело (доматен сос) 1 л
  • кромид 2 главици мл
  • Бело лукче 1 главица мл
  • Јајца 2 средни
  • Зачинал(сув зачин) по потреба мл
  • Сол по потреба мл
  • Бибер мелен по потреба мл
  • Брашно 5 лажици
  • Масло за јадење по потреба мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK