Солена бела торта
  • 1ч : 30мин
  • 4 порции
  • средно

Одамна немам правено проја, па решив денес да направам, но малце поинаква, со пилешко месо и кашкавал. Интересен вкус, супер декорација и одлична за послужување на гости.
tk1


Припрема на состојките

Во чинија ги кршиме јајцата, бело месо го сечеме на ленти ( парчиња ) и го толчеме на крај го сечеме кашкавалот на парчиња.
tk1


Приготвување на смесата

Во тркалезно плехче ставаме мрсна хартија и сипаме масло за јадење и со четкиче ја премачкуваме хартијата. Стекот го зачинуваме со вегета и бибер па го редиме во плех. Одозгора ја сипаме приготвената смеса од палента, јајца и јогурт зачинето со сол и бибер. И на крај ги редиме парчиња кашкавал и посипуваме со сусам.
tk1


Печење на тортата

Во предходно загреана рерна Ја ставаме тортата и ја печеме на 200 степени околу 45 минути.
tk1


Декорација

Солената торта ја ставаме на чинија и околу неа редиме парчиња домат, а може и краставички. Ја послужуваме со павлака или со домашно ајварче.
tk1


Препорака
Може да ја припремите оваа торта за гости, за вечера или ручек. Се надевам дека и вие ќе го направите овој рецепт и секогаш ќе биде на вашето мени.

Пријатен апетит!


Состојки

  • црн бибер 5 гр
  • вегета 10 гр
  • сол 15 гр
  • сусам 50 гр
  • јогурт 500 мл
  • палента 300 гр
  • јајца 7 средни
  • кашкавал 300 гр
  • пилешки стек 500 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK