Соленки
  • 1ч : 45мин
  • 6 порции
  • лесно

Едноставни и лесни соленки за секоја прилика и прослави, кои се повкусни што повеќе стојат.Одозгора ставате семиња по вкус, јас сите семиња ги сакам и секогаш ставам од сите како сусам, ким, мак, лен.

Во длабок сад го ставате маргаринот и убаво изматете го со миксер.Квасецот го ставате во млака вода со малку шеќер да стаса потоа го ставаме во садот кај маргаринот и го додавате млекото, сол, масло за јадење и прашок за пециво.Убаво промешајте и додајте го брашното малку по малку и убаво замесете хомогено тесто.

Тестото го оставате да стаса и потоа го делите на четири дела. Секое го расукувате и сечете на ленти и секоја лента ја сечете на помали парчиња (може по ваша желба ).Парчињата ги редите во подмачкан плех, премачкувате со жолчка и ставате семе које што сакате.Одкако сте ги премачкали сите парчиња, плехот го ставате во загреана рерна и печете на 220 степени додека си добијат убава боичка.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Брашно 1 кг
  • Масло за јадење 250 мл
  • Јајце 1 големи
  • Маргарин 250 гр
  • Млеко 250 мл
  • Квасец 40 гр
  • Сол 2 лажички
  • Прасок за пециво 1 кесиче мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK