Солен колач со бело месо
  • 1ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Пилешкото месо го сечете на пола, па на долги парчиња. Во длабок сад ги матите јајцата и го додавате пченкарното брашно, обичното брашно и пецилни прашок.

Во истиот сад додавате масло за јадење и јогурт, убаво промешувате. Ја зачинувате смесата додаваеќи сол, вегета и мелен бибер.

И на крајот го додавате пилешкото бело месо кое предходно сте го исекле на парчиња. Убаво промешувате. Смесата е готова за солениот колач.

Зимате плех во кој ќе го печете колачот, го премачкувате со масло за јадење и посипувате брашно. Ја истурате смесата во плехот и посипувате со сусам. Колачот го печете на 250 степени околу 30 минути.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Бело месо 500 гр
  • Брашно пченкарно 1 шоља мл
  • Обично брашно бело 1/2 шоља мл
  • Јајца 5 средни
  • Масло за јадење 1/2 шоља мл
  • Јогурт 1 шоља мл
  • Вегета (сув зачин) 2 лажици
  • Сол 1/2 лажички
  • Сусам 100 гр
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK