Солен колач со Тиквички
  • 1ч : мин
  • 6 порции
  • лесно

Со тиквички можеме да направиме разни јадења, пити, силени колачи. Па дури може да експериментирате и да направите некој благ колач.Колачот што го направив од тиквички е многу едноставен и лесен.

Тиквичките изрендајте ги со се кора и оставете ги да се исцедат убаво. Магдоносот исецкајте го и него ставете го кај изренданите тиквички. И на крајот додадете ги јајцата, масло за јадење и зачинете со сув зачин и мелен бибер. Тавата во која ќе го печете колачот обложите ја со мрсна хартија, а рерната уклучете ја на 250 степени.

Смесата убаво промешајте ја и истурете во плехчето и убаво израмнете ја смесата. Попрскајте малку со масло за јадење и плеход ставете го во загреана рерна. Печете додека не се сцрвени убаво, да биде крцкаво. Колачот можете да го послужете со павлака, јогурт или пак со парче сирење.

Пријатен апетит!


Состојки

  • Тиквички 500 гр
  • Јајца 2 големи
  • Магдонос 1 китка мл
  • Презла 500 гр
  • Сув зачин по потреба мл
  • Мелен бибер по потреба мл
  • Масло за јадење 100 мл
Hrvatski HR English EN Македонски јазик MK